Легендарниот француски стрчњак Арсен Венгер многу брзо би можел да се врати на тренерската работа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Венгер на крајот на минатата сезона го напушти Арсенал после 22 години, но неговата тренерска кариера како и што самиот потврди неодамна не е завршена.
Денес, турските медиуми пренесуваат дека Венгер е многу блиску до седнување на клупата на гигантот од Инстанбул, Фенербахче.
Раководството на овој клуб е незадоволно од учинокот на Филип Коку. Тимот е во лоша позиција вп првенства, додека играта не дава никаква надеж дека работите можат
да се променат.
Коку би можел многу брзо да добие отказ. Понудата од Фенер наводно веќе е пред Венгер и чека одговор од легендарниот стратег.
Ќе потсетиме Венгер претходно се поврзуваше и со репрезентацијата на Јапонија, но изгледа дека од договор со „Самураите“ нема да има ништо.
Ќе потсетиме за Фенербахче настапува македонскиот фудбалер од кого многу се очекува, Елиф Елмас.