Дома Фудбал Останато Венгер: Мечот со Милан е клучен за нашата сезона!

Венгер: Мечот со Милан е клучен за нашата сезона!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер смета дека неговиот тим треба да ја искористи шансата со освојување на Лига Европа да обезбеди место во ЛШ следната сезона.

„Топџиите“ заостануваат 13 бода од четвртото место кое води во Лигата на шампиони, па ЛЕ им е единствената надеж дека ќе стигнат до тој турнир.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, Арсенал го чека тешка задача, бидејќи уште во осминафиналето на патот му стои италијанскиот гигант Милан.

„Лига Европа за нас е многу важна и нема потреба да го криеме тоа. Преку лигата ќе биде тешко да стигнеме до ЛШ, бидејќи пред нас има два тима кои тешко губат бодови. Ни останува патот преку Европа Лигата, а мечот со Милан е клучен на тој пат“, изјави Венгер.

Тимот на Венгер се наоѓа во криза и запиша 4 последователни порази, нешто што на „топџиите“ не им се случило од 2002 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…