Арсенал нема да ги продава двете најголеми ѕвезди, Алексис Санчез и Месут Озил во зимскиот преоден рок, потврди менаџерот на „топџиите“, Арсен Венгер.
Договорите на двајцата фудбалери истекуваат на крајот на сезоната и во моментов е јасно дека нема шанси да стават потпис на нови договори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа во медиумите се шпекулираше дека можат да бидат продадени во зимскиот преоден рок, но Венгер категорично го демантираше тоа.
„Ви кажува и за двајцата – Да, сигурно ќе останат. Ќе го анализираме секој случај одделно и индивидуално. Мојата желба е сите да останат“, изјави Венгер.
Според ова јасно е дека Арсенал е спремен да ги загуби двајцата следното лето без обештетување.