ВАР технологијата откако е воведена редовно е тема на коментирање во јавноста.
Посебно тоа е случај во англискиот фудбал каде што има проблеми со користењето на ВАР. Нјамногу проблематични се офсајд ситуациите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Видовме многу поништени погодоци бидејќи раката или прстот на напаѓачот се во недозволена позиција и многумина сметаат дека правилото за офсајд треба да се промени.
Легендарниот менаџер Арсен Венгер даде свој предлог.
„Напаѓачот нема да биде во офсајд ако било кој дел од телото со кој може да постигне гол е во линија со противничкиот дефанзивец. Така не би било важно ако некој друг дел од телото со кој не може да се постигне гол е пред линијата на последниот човек во одбраната“, изјави Венгер.