Дома Фудбал Венгер за Санчез: Ситуацијата е таква поради неговиот договор

Венгер за Санчез: Ситуацијата е таква поради неговиот договор

Tренерот на Арсенал, Арсен Венгер за медиумите во Англија проговори за ситуацијата со Алексис Санчез и неговото можно заминување во јануарскиот преоден рок.

Арсенал го победи Кристал Палас со 3:2, а двоен стрелец во овој натпрвеар беше Алексис Санчез.

Британските медиуми пишуваат за незадоволството на Санчез поради резултатити на тимот, но и незадоволството на одредени фудбалери поради однесувањето на Чилеанецот. Во текот на вчерашниот натпревар, две групи одвоено ги прославуваа погодоците.

Договорот на Санчез истекува на крајот од сезоната, а се шпекулира дека 29 годишниот напаѓач во јануари би можел да премине во Манчестер Сити кој минатото лето се обидуваше да го доведе.

„Не стравувам поради негово заминување, но прашањето ќе биде актуелно поради неговата ситуација со договорот“, изјави Венгер.\

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…