Легендарниот тренер Арсен Венгер смета дека Ливерпул е фаворит во големото дерби против Манчестер Сити, кое на програмат е овој викенд.
„Црвените“ се без пораз оваа сезона после 11 одиграни натпревари и со предност од шест бода ќе го пречекаат Ливерпул на „Енфилд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во последните години овие натпревари се многу неизвесни. Знаеме дека Сити ќе се обиде да го надигра Ливерпул, но Ливерпул е многу опасен на контри. Лично сметам дека Лапорт е многу голема загуба за Сити. Без него се многу послаби во одбрана, иако играат фантастичен фудбал. Отсуството на Лапорт ќе биде многу голема предност за Ливерпул“, заклучи Венгер.
Венгер одлично ги познава приликите во англискиот фудбал откако 22 години беше на кормилото на Арсенал, каде три пати ја освои Премиер лигата.