Навивачите на Арсенал одлучни во намерата денес ги оставија празни трибините на „Емирати“, во знак на протест по лошите партии и резултати на „Топчиите“.
Имено, примарната цел на навивачите е Венгер да замине од клупата, кој пак, од друга страна, е одлучен да остане што подолго.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По ваквиот епилог, сепак, Венгер по денешниот меч против Вотфорд изјави дека е среќен поради триумфот, но тажен поради глетката на „Емирати“.
„Разочарани сме поради малата посетеност, тоа е нормално, но искрено не ги разбирам нашите навивачи. Ние мораме да ги подобриме резултатите, но мора да бидеме сите заедно и да ги вратиме на трибините“, истакна францускиот стратег.