Францускиот стратег Арсен Венгер повеќе од две децении е на кормилото на Арсенал, меѓутоа во последно време не остварува добри резултати со „топџиите“.
И покрај големиот притисок од јавноста и навивачите Венгер нема намера да го напушти кормилото пред 2019 година кога му истекува договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не ме мразат тие мене како личност туку како менаџер кој не им носи резултати. Тоа е голема разлика, но не сакам да ме мразат. Не сум среќен кога губиме натпревари, секогаш сакам да победувам со стил и многу сум амбициозен“, изјави Венгер.
„Кога не ни оди добро јас патам како и сите навивачи на Арсенал. Овој клуб го сочинуваат 30 милиони луѓе и не пати само една личност. Единствено што сакам е тие 30 милиони луѓе да ги направам среќни“, додаде Французинот.