Иако постоеа гласини дека Арсен Венгер би можел да седне на клупата на некој од клубовите во Премиер лигата, тоа нема да се случи.
Арсен Венгер нема да ја заврши својата кариера после долгата приказна со Арсенал и тоа го потврди Французинот во моментот кога и ја соопшти одлуката за заминување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Професорот“ ќе продолжи да работи како тренер, но сигурно нема да води клуб од Премиер лигата.
„Ќе ми биде тешко без Арсенал. Сакам да продолжам да работам, но не тука, не во оваа земја. Би го предал својот клуб доколку останам во Премиер лигата. Мојот клуб е овде, моето срце е тука и ќе биде засекогаш. Јас сум навивач на Арсенал“, изјави Венгер.
Значи сега е јасно, Евертон со кој се поврзуваше нема да биде негов нареден клуб, Премиер лигата за Венгер е затворена книга.