Дома Фудбал Англија Венгер: Ако му требам на Арсенал ќе се вратам!

Венгер: Ако му требам на Арсенал ќе се вратам!

Aрсен Венгер замина од Арсенал во 2018 година откако 22 години го водеше англискиот клуб.

Легендарниот Французин од тогаш нема тренерски ангажман. Често пати беше гостин како стручен коментатор во големите телевизии, сега во едно интервју водителот го праша дали би се вратил во Арсенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако му требам на Арсенал ќе се вратам. Но, не очекувам повик, не очекувам ништо“, кратко одговори 71 годишниот Французин кој со Арсенал освои три титули шампион вклучувајќи ја и титулата од 2004 година кога „топџиите“ ја завршија сезоната без пораз.

Во последните сезони во кои беше во Арсенал, Венгер го навлече бесот на навивачите на Арсенал кои сакаа промена на клупата, меѓутоа од неговото заминување Арсенал како да игра се послабо и послабо. Во овој момент клубот со Артета е на 13. позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…