Дома Фудбал Ваљекано ја сруши Барселона, Димитриевски херој🎥

Ваљекано ја сруши Барселона, Димитриевски херој🎥

Рајо Валекано продолжи со добрите партии и стигна до голема победа против Барселона (1:0).

Погодокот за одлука го постигна ветеранот Радамел Фалкао во 30-та минута. „Ел Тигре“ на мајсторски начин се ослободи од Пике и го совлада Тер Штеген.

Барселона во вториот дел фрли се на една карта, се обидуваше да дојде барем до бод, но херој за домаќините беше Столе Димитриевски.

Македонскиот голман му одбрани пенал на Депај во 72-та минута, момент кој се покажа како клучен во победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потпишани се документите со кои Доминик Ливаковиќ го направи трансферот на животот!

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона. Веќе се потпишани сите докуме…