Македонија денес ремизираше против Грузија 1:1, до бод ние стигнавме со голот во 91. минута од пенал на Езѓан Алиоски.
Селекторот на Грузијците, Владимир Вајс не беше задоволен од бодот кој го освоија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не можам да бидам среќен, Македонија имаше 10 играчи и постигна гол. За пеналот не сакам да коментирам, што ќе се случува за еден месец не можам да кажам, но знам дека ќе биде многу емотивен и тежок меч“.
„Тажни сме затоа што пропуштивме да дојдеме до првото место. И кај нас фалеа играчи на Македонија и недостадуваа Барди, Елмас…Алиоски беше одличен во првото полувреме. Натпреварот за еден месец како што кажав ќе биде посебно емотивен, со Ковид ситуацијата не можеме да кажеме со сигурност како ќе биде и тогаш“.
„Во првото полувреме Македонија доминираше, но во второто ние бевме подобри. По повредата на еден од нашите клучни играчи и моравме да менуваме. Не ги искористивме нашите шанси и многу научивме од овој меч, се надевам дека тоа што го научивме ќе го искористиме во ноември“.
Посебни пофалби Вајс имаше за Горан Пандев.
„Морам да кажам дека сум импресиониран од Пандев посебно поради неговите години, тој е еден неверојатен фудбалер. Сепак се надевам дека ние во ноември ќе ја израдуваме нашата нација“, изјави Вајс.