Дома Трансфер зона Вацке го потврди трансферот на Санчо: Не сме задоволни со парите, тажни сме

Вацке го потврди трансферот на Санчо: Не сме задоволни со парите, тажни сме

Џејдон Санчо преминува во Манчестер Јунајтед, тоа сега го потврдија и од Борусија Дортмунд.

Трансферот на Санчо ќе изнесува 85 милиони евра, а на „милионерите“ ќе им припаднат дополнителни бонуси од 10 милиони евра. Долго време Јунајтед се поврзуваше со Санчо и сега конечно го заврши трансферот.
Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке го потврди трансферот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не сме задоволни со парите, тажни сме што нема да биде со нас. Џејдон беше примарна желба, сакавме да го задржиме. Во изминатите четири години се однесуваше фантастично и даваше се од себе“, изјави Вацке.

Санчо во Борусија Дортмунд пристигна во 20177 година кога беше ангажиран од младинскиот погон на

Манчестер Сити за тренинг компезација од 7.8 милиони евра. Во тие четири сезони колку што помина во Борусија одигра 137 натпревари, постигна 50 голови и забележа 64 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…