Реал Мадрид ова лето го напуштија неколку важни фудбалери, а во јануари може да си замине уште една ѕвезда.
Лукас Васкез влезе во последната година од договорот и клубот не планира да му понуди продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако се очекуваше дека оваа сезона ќе добива поголема минутажа, Васкез главно ја крее клупата за резерви, па е спремен да ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Тој е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а најсилен интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Милан.
Реал Мадрид нема да му стои на патот и е спремен да го пушти во јануари без обештетување.