Изгледа дека и Англичаните ќе се согласат да ја воведат оваа технологија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ја видовме употребата на ВАР на Мундијалот. Постојат лоши страни, но постојат и добри, па многумина се уште размислуваат дали да го воедат. Серија А, Бундес лигата и Ла Лига имаат ВАР, а изгледа дека Премиер лигата би можела да им се придружи.
„Скај Спорт“ потврди дека после препрезентативната пауза ВАР ќе биде пробан на англиските терени. Имено, оваа технологија после 15 септември ќе се користи на 15 натпревари, после што ќе биде донесена официјална одлука дали ќе се користи.
ВАР минатата сезона беше тестиран во ФА Купот и Лига Купот, но сега ќе се биде и на натпреварите од Премиер лигата.