ВАР секако има свои добри страни, но премногу често буквално предизвикува хаос на фудбалските терени, без разлика за кое натпреварување се работи.
Така беше синоќа во Мексико.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тигрес играше со Клуб Америка во првиот натпревар од четвртфиналето во шампионатот и славеше победата со резултат 1:2. Можеби победата на Тигрес требаше да биде поубедлива ако не беше судијата Гереро.
Имено, фудбалерите на Тигрес во самиот финиш на натпреварот тргнаа во контра, беше тоа одлична прилика за трет гол, а тогаш судијата Гереро ја прекина играта за да ја погледне снимката од спорната ситуација која се случи претходно.
Гереро гледаше дали имало доволно контакт за пенал за Клуб Америка и заклучи дека сепак немало.
Фудбалерите на Тигрес беа крајно лути поради одлуката на судијата да ја прекине контрата, а на крајот поради протест жолт картон заработи Пизаро.
Tigres counter attacks, Fernando Guerrero stops the play to review VAR, even though the play was still going on, Tigres players go mad, Yellow for Pizarro from r/soccer