Дома Фудбал Лига на шампиони ВАР вчера имаше полни раце работа и се покажа како полн погодок (ВИДЕО)

ВАР вчера имаше полни раце работа и се покажа како полн погодок (ВИДЕО)

Во текот на вчерашните натпревари во Лигата на шампионите неколку пати на дело имавме прилика да ја видиме употребата на ВАР технологијата.

Ќе потсетиме, ВАР технологијата од осминафиналето е „ново лице“ на терените во Лигата на шампионите и досега се покажа како полн погодок.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оваа технологија вчера имаше полни раце работа во Лигата на шампионите и работата ја одработи на одличен начин.

Судиите покажуваа пенал или признаваа погодок, но тука беше ВАР да ја поправи нивната одлука. Во продолжение може да ги погледнете одлуките на кои ВАР мораше да реагира на натпреварите Шалке – Манчестер Сити и Атлетико Мадрид – Јувентус.

ГОЛОТ НА СЕРХИО АГУЕРО

Агуеро ја затресе мрежата на Шалке во воведните минути, но судијата одлучи да се консултира со ВАР поради сомневање дека Лапорт направи прекршок над Ута на стартот од акцијата.

После прекинот за прегледување на ВАР снимките судијата го призна погодокот.

ПЕНАЛ ИЛИ НЕ ЗА АТЛЕТИКО МАДРИД

Судијата Феликс Звајер досуди пенал за Атлетико Мадрид во текот на првото полувреме против Јувентус. Сепак, после консултација со ВАР доби информација дека прекршокот е направен надвор од казнетиот простор.

ПРВИОТ ПЕНАЛ НА ШАЛКЕ

Калигури падна во шеснаесетникот на Сити, а судијата потоа дури три минути ја гледаше повторената снимка после што одлучи да досуди пенал. Шалке изедначи на 1:1.

ВТОРИОТ ПЕНАЛ НА ШАЛКЕ

Дел Серо Гранде досуди и втор пенал за германскиот тим откако Фернандињо го сруши Сане.
Откако судијата повторно го гледаше ВАР, забележа дека помеѓу Фернандињо и Сане постоеше недозволен контакт и досуди уште еден пенал.

ПОНИШТЕНИОТ ГОЛ НА МОРАТА

Алваро Мората кон средината на второто полувреме постигна погодок за водство на својот тим против Јувентус, но истиот набрзо беше поништен бидејќи од ВАР собата го забележаа прекршокот од Мората над Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…