Дома Трансфер зона Варди по шампионската сезона бил пред трансфер во Арсенал – еве како се пропаднало!

Варди по шампионската сезона бил пред трансфер во Арсенал – еве како се пропаднало!

Поранешниот прв човек на Арсенал за трансфер, Дик Лав зборуваше за тоа како во летото 2016 година малку недостасувало да го доведе Џејми Варди на „Емирати“.

Таа сезона Лестер беше шампион н Англија, а Варди го играше најдобриот фудбал во кариерата. Се шпекулираше дека може да премине во Арсенал, а дека не биле само шпекулации сега потврди Лав.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Договорот со Лестер беше постигнат, имавме договор со играчот. Дојде со сопругата Ребека седна пред Венгер…Потоа се повлече. Додека патуваше назад кон Лестер ми кажа дека сака да размисли во текот на ноќта. Во тој момент знаев дека се работи за лоши вести“, порача Лав.

Варди на крајот одлучи да остане во редовите на „Лисиците“. Во шампионската сезона тој постигна 24 гола и го собори рекордот по бројот на голови на натпревари во низа во Премиер лигата (11). Дека таа сезона не била случајност потврди и оваа година во која исто така игра одлично. Лестер повторно е блиску до Лигата на шампионите бидејќи е на третата позиција, а Варди постигна 19 голови.

Денес Варди има 33 години и јасно е дека кариерата ќе ја заврши во Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…