Дома Македонски спорт Вардар само еднаш во ерата на Самсоненко изгубил со резултат кој денес би го одвел Сегед на фајнл-фор

Вардар само еднаш во ерата на Самсоненко изгубил со резултат кој денес би го одвел Сегед на фајнл-фор

Вардар денес од 19:00 часот го игра реваншот против ПИК Сегед на гости во Сегедин.

Четата на Парондо патува со огромна предност од осум голови стекната во Скопје.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После таквата игра во Скопје никој не верува дека Сегед може да направи пресврт и да го победи Вардар толку убедливо, но секако треба да ракометарите на црвено-црните без опуштање да го одиграат и овој натпревар.

Но, ако ја погледнеме историјата во ерата на Сергеј Самсоненко ќе видиме дека од кога е тој во клубот Вардар во Лигата на шампионите доживеал само еден пораз кој во оваа ситуација би го одвел Сегед на фајнл-дор, нешто што не сакаме да се случи.

Имено тој пораз се случи на почетокот на ерата на Самсоненко во сезоната 2013/2014 од Пари Сен Жермен. Во тој натпревар Вардар беше поразен со 10 голови разлика на гостувањето во Париз.

Уште три пати во тој период македонскиот шампион го напуштал теренот со пораз од осум голови и тоа од Веспрем, Металург и Варселона.

Еве како изгледаа тие резултати:

Сезоната 2013/2014

Пари Сен Жермен – Вардар 35:25

Вардар – Металург 18:26

Сезона 2014/2015

Веспрем – Вардар 32:24

Сезона 2018/2019

Барселона – Вардар 34:26

Веруваме и се надеваме дека Вардар вечерва нема да потфрли и ќе избори место на нов фајнл-фор турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…