Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар ремизираше, Шкендија победи и ја „грабна“ првата позиција

Вардар ремизираше, Шкендија победи и ја „грабна“ првата позиција

pmf

Денес со почеток од 13:30 часот се одиграа пет натпревари од македонската прва лига.

Шкендија одигра одличен натпревар и го победи Шкупи со 3:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До предност тетовци стигнаа со голот на Фазли во 15-тата минута од натпреварот, за на пет минути пред крајот на првиот дел Емини да обезбеди солидно водство на полувремето.

Во вториот дел Шкендија продолжи со добрата игра, а конечни 3:0 беа постевени во 83-тата минута, а стрелец на голот беше Алими.
Вардар испушти победа против Беласица и одигра 1:1.

Дарко Мицевски ги доведе црвено-црните во водство после половина час игра, а предноста на Вардар беше актуелна се до 72 минута кога Филип Ивановски погоди за изедначување.

Со ова реми на Вардар, Шкендија го превзема врвот на табелата каде што имаат ист број на бодови со Вардар (28).

Во останатите натпревари Победа славеше против Силекс со 2:0, Ренова на гости беше подобра од Македонија Ѓорче Петров со 1:2, додека Академија Пандев запиша минимална победа против Работнички од 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…