Во Вардар работите конечно деновиве работите изгледаат подобро.
Од кога беше потврдено дека Михајло Михајловски се враќа на чело на црвено-црните потврдени беа продолжувањата на договорите со Стоилов, Дибиров, Чупиќ, Дисингер и Калараш.
Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Се работи и на засилувањата покрај Русинот Санталов кој од договорен од претходно, од пред некој ден е договорен и францускиот голман Робин Кантегрел, блиску е и Португалецот Мигел Мартинс Соареш.
Алушовски пред некоја недела потврди дека Филип Талески има понуда да дојде во Вардар, а се сега се најавува дека македонскиот репрезентативец би можел да ја прифати.
Освен Талески, се споменуваат имињата на Елвин Танген и Јуре Доленец.
Танген е долгогодишен репрезентативец на Норвешка со која на последните две светски првенства освои сребрени медали, тој би дошол во Вардарп осле две години во Скјерн.
Доленец пак во Барселона е три години, за репрезентацијата на Словенија одигра 126 натпревари и постигна 447 голови. Претходно играше уште за Горење и Монпелје.