Пред натпреварот со Кјелце Вардар се соочи со големи проблеми со повредени ракометари, меѓутоа освен Горбок сите се најдоа во составот за денешниот натпревар против полскиот тим.
Последен повреда заработи Криштопанс кој се повреди во натпреварот од СЕХА лигата против Војводина. Горпишин и Атман не беа во комбинација за натпреварот со Мешков, меѓутоа денес ќе бидат во тимот, а дали ќе помогнат на тереот ќе видиме.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Горбок не успеал да се опорави, како и Жозе Толедо кој не игра од почетокот на сезоната поради операцијата која му беше направена во текот на летото. Кокшаров на него веројатно ќе може да смета од крајот на декември или почетокот на наредната година.