Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар пред дербито со Шкендија се врати дома!

Вардар пред дербито со Шкендија се врати дома!

Како и што беше најавено на прес-конференцијата пред неколку дена ФК Вардар се враќа во својата база во Хиподром.

Вардарци се враќаат во објектот по неопходната реконструкција која беше направена. Враќањето го потврди клубот утрово на својата официјална страна.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„ФК Вардар официјално се враќа во својата база во Хиподром. По неопходната реконструкција на самиот објект, нашите фудбалери предводени од стручниот штаб, повторно ќе ги имаат најдобрите услови за тренинг.

Борбата за Вардар продолжува!

Во недела играме дома, против екипата на Шкендија. Знаеме колку овој натпревар е важен, но веруваме и дека секој Вардарец го знае тоа. Затоа во недела, ве повикуваме сите. Заедно сме во оваа борба – до крај!“, стои во објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…