Според изјавата на самиот ракометар за полските медиуми Вардар би можел да добие засилување од редовите на Барселона.
Камил Шипжак, не е задоволен од минутажата која има тимот на Барселона, а за медиумите во Полска натпреварот против Јапонија открил дека преговара клубови од неколку земји, меѓу кои е и Македонија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Имам понуди од Франција, Германија и Македонија. Сакам повеќе да играм и тоа е мојот главен услов при преговорите. Се уште размислувам, клубот кој ќе ми понуди најголема минутажа ќе има најголеми шанси“, изјави Шипжак.
Иако полскиот ракометар не откри име јасно е дека во овој момент само Вардар е тимот кој од Македонија може да го доведе.