Дома Македонски спорт Вардар покажа моќ, Кристијанштад ни до „колена“ на европските шампиони!

Вардар покажа моќ, Кристијанштад ни до „колена“ на европските шампиони!

Македонскиот и европскиот шампион денес во целост ја покажа својот надмоќност против тимот на Кристијанштад.

Црвено-црните одиграа маестрален натпревар и славеа со убедлива победа од 31:15. Вардарци уште во првиот дел ја најавија убедливата победа, одличнииот Арпад Штербик и овој пат беше на своето ниво. По првиот дел игра избраниците на Раул Гонзалес имаа предност од 14:8.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во вториот дел Вардар покажа и поголема моќ. На гостите им беа потребни дури 20 минути за да постигнат само два погодоци, а Вардар стигна до убедлива предност од 25:9.

По големата предност Гонзалес доби прилика и да ги одмори најдобрите, Штербик натпреварот го заврши со 19 одбрани, а најдобар стрелец беше Дибиров со девет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…