Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар лесно против Тиквеш

Вардар лесно против Тиквеш

Вардар експресно се врати на победите после поразот од Е.Пелистер во минатото коло и лесно го совлада Тиквеш (34:27).

Дибиров беше лидерот на „црвено-црните“ и во првото полувреме постигна 9 гола, а Вардар на пауза замина со пет гола предност 18:13.

Ништо не се промени во играта ниту  во второто полувреме кога Вардар рутински ја одржуваше предноста и на крајот победи со 34:27.

Тимур Дибиров беше најефикасен со 11 гола, додека најефикасни кај Тиквеш беа Темелкоски и Симиќ со по шест постигнати гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип УГД без освоен сет во Холандија, европската шанса сега ја брани дома

Македонскиот одбојкарски првак загуби со 0-3 кај Орион старс на стартот од квалификациите …