Екипата на Вардар казни двајца фудбалери од првиот тим на кои не им ги откри имињата.
Црвено-црните преку соопштение на социјалните мрежи ја инфомираа јавноста дека двајца фудбалери од првиот тим се парично казнети, но и во следните 15 дена ќе тренираат со младинските категории.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Фудбалскиот клуб Вардар сака да ја информира јавност дека е поведена дисциплинска постапка против двајца фудбалери од првиот тим поради прекршување на дисциплнискиот статут на клубот пред последниот одигран натпревар на гостувањето во Охрид.Фудбалерите се парично казнети со 3 месечни плати и во следните 15 денови ќе тренираат со младинските категории“, стои во објавеното соопштение.
Според информациите, двајцата фудбалери се казнети затоа што еден ден пред натпреварот го напуштиле хотелот за да играат казино апарати во обложувалница во Охрид.
Порталот на албански јазик „Инфоспорт“ во неделата дојде и до фотографија од двајцата фудбалери.