Откако по натпреварите во претпоследното коло од ПМФЛ стана јасно дека Скопје ќе биде противникот на Вардар во баражот за место во најдобрите следната сезона сега се познати местото и датумот на одигрувањето на натпреварот.
Скопје и Вардар ќе играат еден натпревар на неутрален терен и одлучено е да се игра во Кавадарци на 21-ви мај од 17:00 часот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од кога се игра еден натпревар секогаш се игра во град од кои не доаѓа ниту еден од двата учесници.
Ќе потсетиме, еден ден претходно на теренот на ФФМ во Скопје ќе се одигра финалето во Купот на Македонија помеѓу Македонија Ѓорче Петров и новиот шампион во првенството Струга Трим Лум.