Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар и Комити – 30 години љубов, успеси и трофеи!

Вардар и Комити – 30 години љубов, успеси и трофеи!

Вардар е најголемиот спортски бренд во државата и синоним за спорт во Македонија, но приказната не била целосна и толку голема доколку би ја немал поддршката од своите верни фанови. „Комити“ и Вардар веќе 30 години се нераскинлива врска.

Јуни 1987 година на натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда се појавува првиот транспарент „Комити“. Тогашната навивачка група застанува зад генерацијата која ја „покори“ поранешна Југославија. Од тој ден па до денеска „Комити“ го следат Вардар секаде каде и игра. Имаат гостувано во секој град во Македонија, во повеќето градови во поранешната држава Југославија, а сега го бодрат тимот во настапите во Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска е голем ден за „Комитите“. На натпреварот со Пелистер кој што почнува во 18 часот ќе го прослават својот јубилеј, својот роденден. На западната трибина ќе се случува незаборавен „спектакл“ на најстарата и најверната навивачка група во Македонија. Нашите верни фанови своите 30 години постоење ги прославуваат во најуспешната меѓународна сезона на фудбалскиот клуб кој што за прв пат се најде во групната фаза на едно европско натпреварување.

Вардар ја имаше поддршката и на сите гостувања, и во Малме, и во Копенхаген, и на незаборавниот натпревар во Истанбул против Фенербахче кога се случи најголемиот успех, а потоа и во групната фаза. Не беше проблем да се отпатуваат толку многу километри до норвешки Трондхајм и до Сан Себастијан во Шпанија за да се бодри омилениот тим, првата екипа од нашата земја која што успеа да се пласира во групната фаза и да направи историја не само за себе, туку и за Македонија.

Денес на вечното дерби навивачката група ќе има роденденското славење, 30 години љубов, која сигурно ќе продолжи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски!

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот д…