Вардар и без поддршка од навивачите победи денес на стадионот „Борис Трајковски“ против Кожув со 2:0. Со овој триумф барем до утре Вардар ќе биде лидер на табелата.
Победата на Вардар ја најави Дарко Мицевски со голот во 20. минута од натпреварот. Во 50. минута црвено-црните останаа и без Христов кој заработи исклучување. Сепак и во таква ситуација до крајот на натпреварот Вардар постигна уште еден гол, а тој беше дел она Кире Маркоски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сосема заслужено Вардар дојде до трите бода, Кожув во финишот се обиде да се наметне, меѓутоа погодок во мрежата на Гачевски немаше. За двете екипи ова беше последен натпревар во есенскиот дел од сезоната и последен за оваа 2022.
Останатите средби од 15. коло во Втората лига се играат утре во стандардниот термин од 13:00 часот.