Дома Македонски спорт Мак фудбал „Вардар е клуб на народот, заедно да покажеме како се сака и да собереме 500.000 евра“

„Вардар е клуб на народот, заедно да покажеме како се сака и да собереме 500.000 евра“

Денес најверните навивачи на Вардар, „Комитите“ и официјално го преземаа раководењето со клубот, а своите планови и ситуацијата ја соопштија на прес-конференција.

На прес-конференцијата се појавија и фудбалерите Дарко Мицевски, Дарко Глишиќ и Филип Гачески. Вчера вечерта точно во 19:47 часот започна акцијата со која се продаваат сезонски билети по цена од 1.000 денари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Целта како што беше соопштено денес е да се соберат 500.000 евра.

„Вардар е клуб на народот и народот има право да знае што се случува, а нашата битка за спас трае буквално три години, пред нешто повеќе од две продадовме 33.381 билет во најголемата акција со која сакавме да дадеме време за Вардар да преживее. Сметката е блокирана од 2018 година, сега повторно сме во акција за спас и сега ни е поддржата од народот и тоа како потребна. Зад Вардар веќе застанаа 12 општини и градот Скопје Оваа акција што ја спроведуваме е продолжение на таа од пред две години, со таргет десет пати поголем. Сакаме да покажеме дека сѐ е можно, да бидиме колку сме, да видиме колку Скопје го сака Вардар. Веруваме дека може да се продадат сезонските и да инкасираме над 500.000 евра. Заедно да покажеме како се сака клубот на народот“, изјави претставникот на „Комити“, Милорад Миленковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

УЕФА донесе важна промена пред Европското првенство

УЕФА им дозволи на селекторите за Европското првенство во Германија да повикаат 26 фудбале…