Вардар го доби и третото официјално засилување ,тоа е рускиот репрезентативец, Дмитри Киселев кој потпиша догововор со црвено-црните, до јуни 2020 година.

Киселев доаѓа од Санкт Петербург каде има настапувано од почетокот на својата кариера. Две сезони има настапувано и во лигата на шампионите. Беше дел и од репрезентацијата што играше на СП 2017 година во Франција. Беше еден од најдобрите стрелци на својата селекција, на квалификацискиот циклус за пласман на СП, кое на програмата е следната година во Германија и Данска, каде Русија најпрво преку квалификациската група, а потоа и преку бараж двомечот со Чешка, успеа да избори учество на големиот мундијал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Киселев потпиша договор до јуни 2020 година и е третиот нов ракометар во екипата, по Стас Скубе и Сергеј Горбок. Изминатиов период своите договори со клубот ги продолжија Стоилов и Шишкарев ( две години), како и Поповски и Ѓорѓески ( една година). Во следните денови официјализација треба да добие и голманот кој доаѓа од екипата на Партизан, тоа е Дејан Милосављев, кој на голот треба да го замени Арпад Штербик.

Во Вардар, Киселев ќе ја пополни позицијата на десен бек каде ќе му биде колега на Данаил Киштопанс. Киселев е висок 193 см. и тежок 98 кг. и е дел од новата генерација на руски ракометари што доаѓаат на сцената.

Последните шет сезини Киселов со тимот на Санкт Петербург постојано игра во европските купови. Лани настапуваше во Купот на ЕХФ, и постигна 18 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…