Дома Македонски спорт Мак ракомет „Вардар во Скопје секогаш мора да го победи било кој противник“

„Вардар во Скопје секогаш мора да го победи било кој противник“

Вардар во сабота во „Јане Сандански“ со почеток од 17.30 часот го игра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите и тоа против актуелниот европски шампион, Монпеље.

Со победа против Монпелје и пораз на Веспрем на гостувањето кај Кјелце, Вардар ќе заврши како втор. Во секој случај, третата позиција во групата му е загарантирана на нашиот шампион.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ова ни е последен дуел од Лигата на шампионите и со победа ќе направиме одличен резултат. Фокусирани сме на натпреварот и сакаме да покажеме дека можеме да го совладаме Монпеље. Сепак, што и како ќе се случи ќе видиме потоа откако ќе ги знаеме другите резултати. Ние мораме да победиме за да можеме потоа да имаме одредени калкулации околу пласманот”, изјави тренерот на „црвено-црните“.

„Имаме 5-6 ракометари кои се жалат на повреди. Не можам со сигурност да кажам дали ќе играат или ќе одмораат. Ќе видиме од ден за ден колку ќе бидат подготвени и кои ќе можат да дадат 100 проценти на терен. Имаме план А, Б, Ц и Д и тоа на сите позиции. Сепак, можеме да имаме само 16 играчи во ростер, но мораме да размислуваме на тоа кои играчи можат да играат и напад и одбрана”, додаде Парондо

„Играме дома, а Вардар во Скопје секогаш мора да победи против кој било противник. Така што нема никакви калкулации, нема ни никакви желби за понатаму, со кого и како сакаме да играме. Сакаме само да победиме и да ја завршиме групната фаза со победа. Мислам дека втората позиција е подобра само во еден сегмент, дека во четвртфиналето реваншот го играте дома. А ако размислуваме за екипите, Монпелје лани ни покажа дека никого не треба да потцениме. Така што дали играме со Загреб, со Мотор, со Спортинг, со Букурешт, не е важно за нас. Само да сме сите здрави и подготвени, ние ќе гледаме само кон врвот“, изјави Дибиров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …