Дома Фудбал Лига на шампиони Ван Дијк: Меси е најдобриот играч во светот, но ние не одиме во Барселона на одмор

Ван Дијк: Меси е најдобриот играч во светот, но ние не одиме во Барселона на одмор

Фудбалерите на Ливерпул утре играат на гостински терен против Барселона во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Натпреварот помеѓу Барселона и Ливерпул многумина ќе кажат дека е финале пред финале и дека победникот од овој дуел скоро сигурно на крајот ќе дојде до титулата во ЛШ. Судејќи спроед сите најави не очекува спектакуларен двомеч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секако за Ливерпул најголема опасност е Лионел Меси кој оваа сезона одново игра во неверојатна форма. Во центарот на вниманието ќе биде и најдобриот играч во Премиер лигата за оваа сезона, Вирџил Ван Дијк кој поради Меси сигурно ќе биде на големо искушение.

Пред утрешниот натпревар холандскиот дефанзивец зборуваше за натпреварот против Барселона, но најмногу за Меси. Сите ги интересира дали Холанѓанецот има посебна тактика за првата ѕвезда на Барселона, а откако неодамна порача дека не знае како ќе го запре сега даде една малку поинаква изјава.

„За мене Меси е најдобриот играч во светот. Сепак, гледате како ние играме и како се браниме. Нема да го чуваме само него или да го чува еден играч цел натпревар. Сите заедно ќе играме одбрана како и секогаш и ќе видиме. Сигурно дека ќе бидеме спремни“.

„Јасно е дека играме против Барселона и најдобриот играч во светот, но нема само на него да посветуваме внимание. Целиот тим на Барса има неверојатен квалитет и мораме да водиме сметка за се. Исто така и ние сме добар тим, сигурен сум дека ќе го покажеме тоа. Не одиме во Барселона на одмор“, изјави Ван Дијк.

Првиот натпревар помеѓу овие два тима се игра утре со почеток од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…