Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следат Јувентус и Милан, кои сакаат да го донесат во своите редови во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
23-годишниот Холанѓанец оваа сезона има многу мала минутажа во Премиер лигата, а беше купен за 40 милиони евра.
Италијанските клубови сакаат да го искористат незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А уште во јануарскиот преоден рок.
Двата клуба го сакаат Холанѓанецот на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп.