Дони Ван Де Бек никако не успева да се наметне кај Солскјер во текот на летото се поврзуваше со заминување, но на крајот остана.
Според информациите од Островот во финишот од преодниот рок Ван Де Бек беше блиску до трансфер во Тотенхем, но Солскјер ја блокираше зделката со објаснување дека ќе смета на него. Сепак, тоа не е случува. Така беше и вчера против Виљареал кога целиот натпревар го помина на клупата за резерви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Камерите ја забележаа и фрустрацијата на Ван де Бек кога во игра влегоа Фред и Лингард. Тогаш Холанѓанецот ја извади мастиката и ја фрли кон Солскјер и неговиот помошник Мајк Фелан.
Donny van de Beek dashing his chewing gum at Ole. Mans Fed Up😭😭😭😭 #MUNVIL pic.twitter.com/3fxzYTw0yZ
— Han (@Haan_B1) September 29, 2021