Дома Трансфер зона Ван Де Бек донел одлука, сака да го напушти Манчестер Јунајтед?

Ван Де Бек донел одлука, сака да го напушти Манчестер Јунајтед?

Репрезентативецот на Холандија, Дони Ван Де Бек сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Во Манчестер Јунајтед Ван Де Бек пристигна минатата година од Ајакс и се очекуваше да биде големо засилување за тимот на Солскјер. Сепак, Холанѓанецот не успеа да се наметне кај Норвежанецот и поголемиот дел од времето го поминува на клупата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради ваквата ситуација Ван Де Бек има намера да седне на преговори со раководството на Јунајтед и на тој состанок ќе побара да ја промени средината.

Јунајтед за неговите услуги на Ајакс му плати сума од 40 милиони фунти, а ќе видиме дали сега ќе се решат да го продадат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…