Дома Трансфер зона Ван де Бек го напушта Манчестер Јунајтед

Ван де Бек го напушта Манчестер Јунајтед

Репрезентативецот на Холандија, Дони Ван Де Бек сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Во Манчестер Јунајтед Ван Де Бек пристигна минатата година од Ајакс и се очекуваше да биде големо засилување за тимот на Солскјер. Сепак, Холанѓанецот не успеа да се наметне кај Норвежанецот и не добиваше голема минутажа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради ваквата ситуација Ван Де Бек има намера да седне на преговори со раководството на Јунајтед и на тој состанок ќе побара да ја промени средината.

Јунајтед за неговите услуги на Ајакс му плати сума од 40 милиони фунти, а јасно е дека нема да може да ја врати платената сума.

За Холанѓанецот интерес покажуваат Рома, Милан и Ајакс, кои сакаат да го донесат играчот на едногодишна позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …