Луис Ван Гал би можел да предводи репрезентација на Светското првенство!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Австралиските медиуми утрово пренесуваат Луис Ван Гал е прв фаворит за селектор на „Кенгурите“. Во медиумите се наведува дека Фудбалскиот сојуз на Австралија веќе воспоставил контакт со Холанѓанецот кој покажал интерес за оваа работа.
Ван Гал уште од заминувањето од Јунајтед во 2016 година е без ангажман, а неодамна се поврзуваше со клупата на Свонси.
Покрај Ван Гал уште едно познато име се поврзува со клупата на Австралија, а тоа е Марсело Биелса.
Австралија во Русија ќе игра во групата „Ц“ заедно со Франција, Пери и Данска.