Дома Фудбал Ван Бастен критикува: Кројф ќе беше засрамен од однесувањето на Барселона

Ван Бастен критикува: Кројф ќе беше засрамен од однесувањето на Барселона

Eкипата на Барселона одработи преоден рок во кој потроши многу пари и тоа е чудно поради нивната финансиска ситуација. Критики сега стигнаа од легендарниот Ван Бастен.

Каталонците се критикувани поради односот кон Френки Де Јонг кој подолго време е на излезни врати од клубот и Барселона сака да се ослободи од него. Но, од друга страна Холанѓанецот не сака да замине иако имаше понуда од Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според Ван Бастен сегашното однесување на Барселона е под стандардите на клубот.

„Ако Кројф беше во клубот ќе беше засрамен од однесувањето на Барселона. Нивното однесување е далеку од стандардите за Барселона“, истакна Ван Бастен.

Јохан Кројф е икона на Барселона и човек кој премногу направи за клубот, а денес дел од управата е неговиот син Жорди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…