Интер во вчерашниот натпревар против Фросиноне славеше победа од 3:1 во рамките од 32-то коло во Серија А и ја продолжи борбаа за позицијата која води во Лигата на шампионите.
Повторно во стартниот тим беше Мауро Икарди кој во 37-та минута се избори за пенал, но откако ја изгуби капитенската лента пред два месеци повеќе нема толкав авторитет во соблекувалната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со самото го изведувањето на пенали го препушти на Иван Перишиќ, а вчера Хрватот реализираше пенал за водство од 2:0. За тој пенал зборуваше и Ванда Нара, контроверзната сопруга на Икарди и негова менаџерка.
Icardi and Perisic ? pic.twitter.com/esWGsbK5o1
— InterYaSkrinYa (@InterYaSkrinYa) April 14, 2019
„Евидентно е дека Иван го праша да му го препушти пеналот и Марио му дозволи. За мене тој гест повеќе вреден од било кој гол, тоа е прекрасна работа после се што видовме. Покрај тоа Марио беше прв кој му честиташе на голот“, изјави Ванда и продолжи:
„Му ја одземаа капитенската лента и не шутира пенали, но никогаш нема да можат да му ја одземат среќата со која игра за Интер“, заклучи Ванда.
Се „мириса“ на помирување на Аргентинецот и Хрватот кои имаа заладени односи најмногу поради тоа што Перишиќ наводно на Икарди му кажал Ванда да престане да коментира било што поврзано за него.
Интер во следното коло ја пречекува Рома и ако слави во овој натпревар би направил голем чекор кон освојувањето на третото место.