Дома Фудбал Валканите игри на Луис Суарез 🎥

Валканите игри на Луис Суарез 🎥

Уругвај и Чиле одиграа 1:1, а во центар на внимание беше Луис Суарез, кој уште еднаш потврди дека за него фер-плејот не постои.

Суарез го привлече вниманието на фудбалската јавност со својот начин да спречи брз напад на Чилеанците.

На својот поранешен соиграч, голманот Клаудио Браво, не му дозволи да ја исфрли топката од гол-аут, така што ја соблече копачката и почна да ја мести пред него.

Кога Браво се тргна настрана и се обиде од друго место да изведе гол-аут, Суарез ја фрли копачката пред топката и повторно го блокираше обидот на голманот.

Суарез и во минатото покажа дека е спремен на СЕ за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ на 41 година не мисли на крај: Со Милан сака титула

Хрватскиот ветеран ја задржува желбата за фудбал, а по триумфот над Интер порача дека Мила…