Дома Фудбал Валенсија „растура“, седма победа во низа, Парехо го „ископира“ Роналдињо! (Видео)

Валенсија „растура“, седма победа во низа, Парехо го „ископира“ Роналдињо! (Видео)

Екипата од „Местаља“ не застанува…

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што сега стојат работите ,Валенсија полека но сигурно истакнува кандидатура за титулата во Шпанија оваа сезона.

Валенсија денес со 3:0 славеше против тимот на Леганес. Домаќините поведоа во 14 минута преку Дани Парехо кој го „ископира“ легендарниот Роналдињо. Парехо изведе слободен удар од работ на шеснаесетникот, шутираше под живиот ѕид, а топката заврши во мрежата на гостите.

На 2:0 зголеми поранешниот фудбалер на Бенфика, Родриго после одличниот центар шут на Андреас Переира. Конечниот резултат го постави Санти Мина во 81 минута.

Ова како што кажавме беше седма победа во низа за тимот на Валенсија, покрај Барса и Атлетико тие се единствениот тим во Шпанија без пораз, а по првите 11 кола може да се каже дека киксираа само против Леванте кога одиграа 1:1.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…