Дома Фудбал Останато Валенсија бара Гасперини да биде казнет за неодговорното однесување

Валенсија бара Гасперини да биде казнет за неодговорното однесување

Откако Валенсија го означи тренерот на Аталан Џанпиеро Гасперини за неодговорен сега очекува УЕФА и италијанските власти да реагираат.

Гасперини во разговор за „Газета дело Спорт“ објавен во неделата призна дека имал симптоми на коронавирус пред неговата Аталанта да отпатува во Валенсија на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите во март. Но, дури нешто подоцна дознал дека е заразен со вирусот кој направи хаос во светот, а посебно во Италија и Шпанија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа го натера шпанскиот клуб експресно да реагира. Од Валенсија истакнаа дека се изненадени од однесувањето на коментарите на Гасперини и тврдат дека тој со своето неодговорно однесување донел во ризик многу луѓе.

Дополнително сега од Валенсија бараат и казна за Гасперини.

„Се однесуваше неодговорно. Знаеше дека доаѓа во област на висок ризик. Не смеел да патува. Ваквите информации во секој случај покажуваат зошто натпреварот мораше да се игра пред празни трибини како што и беше случај“, реагираа од клубот.

„Марка“ пишува дека Валенсија очекува реакција и од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …