Дома Фудбал Валверде повторно господски: Судиите во Шпанија се добри

Валверде повторно господски: Судиите во Шпанија се добри

Тренерот на Барселона кратко зборуваше повторно на темата која минатиот викенд се случи на натпреварот помеѓу Валенсија и Барселона.

Ернесто Валверде после ремито на „Местаља“ господски ја прокоментира грешката на судиите која подоцна се покажа како одлучувачка.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој денес на конференцијата за медиуми пред натпреварот против Мурсија повторно зборуваше за истата ситуација.

„Не можев да видам дали топката ја помина гол линијата бидејќи бев далеку, но кога видов дека Лео слави, знаев дека тоа е погодок. Апсурдно е тоа што судијата не го виде она што го видоа 40.000 луѓе. Се надевам дека поради овие работи наскоро и кај нас ќе се воведе видео технологијата“.

„Ова не значи дека ги критикувам судиите, свесен сум дека можат да погрешат, арбитрите во Шпанија се добри и трпат разни притисоци и поради тоа е важно да се воведе технологијата. Не е лесно да се биде судија“, истакна Валверде.

Барселона е лидер на табелата во Примера со четири бода повеќе од Валенсија и осум од Реал и Атлетико, а во среда со почеток од 19:30 ќе ја брани предноста од 3:0 во куп натпреварот против Мурсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…