Дома Фудбал Валверде: Можеби Меси ќе заигра на Меаца

Валверде: Можеби Меси ќе заигра на Меаца

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде изјави дека постои можност Лео Меси да заигра во натпреварот против Интер, кој се игра вечерва.

Иако најдобриот играч на каталонците неодамна ја повреди раката, експресно се опорави и е во конкуренција за натпреварот во кој Барса може да го осигура првото место во својата група.

Сепак, Валверде истакна дека Меси може да заигра само во случај клубот да процени дека е 100% спремен за настап.

„Можеби Меси ќе заигра против Интер, но не сум сигурен. Го чекаме извештајот од лекарите па заедно ќе ја донесеме одлуката. Тој на тренизите покажа дека се опоравил, иако не знам колку е паметно да ризикуваме нова повреда.“ – изјави Валверде.

Натпреварот Интер – Барселона се игра вечерва со почеток во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат патот кон Лига Б: фудбалерките со два повисокорангирани ривали

Македонија ќе игра со Израел, Фарските Острови и Андора во Лигата на нации. Новиот циклус …