Eрнесто Валверде ги открива целите на најдобриот играч во својата екипа.
Се шпекулираше дека Лео Меси Бара ист третман како Нејмар во Пари Сен Жермен и дека сака да се чува за Мундијалот, но Валверде демантира такво нешто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имам голема доверба во моите играчи, а посебно во Меси. Неговата цел оваа сезона е да освои се. И со Барселона и со Аргентина. Зборувавме многу пати за тоа. Не е лесно, имаме густ распоред, не исто кога имате седум дена одмор и кога имате три. Меси не е човек кој бара одмор“, изјави тренерот на Барса.
Каталонците се на добар пат да ја освојат титулата во домашното првенство, во шпанскиот куп се пласираа во финалето каде што ќе играат против Севиља, додека во 1/8 финалето од Лигата на шампионите ги чека Челси.