Карло Анчелоти после натпреварот против Елче во кој Реал Мадрид забележа победа откри каков облог имал со фудбалерот од средниот ред, Ернесто Валверде.
Анчелоти бил зачуден од слабиот голгетерски ефект кој го има Валверде во претходните години, па му порачал дека ако не постигне 10 гола сезонава ќе ја искине тренерската лиценца и ќе оди во пензија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Својата добра форма Валведе ја потврди и вчера со новиот гол, кој беше веќе негов петти сезонава.
„Анчелоти ми кажа дека морам да постигнам барем 10 гола и фокусиран сум на тоа. Не сакам јас да бидам виновникот што ќе оди во пензија. Имам некој притисок, но тоа е добар и позитивен притисок“, искоментира Валверде.