Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде нема сомнеж дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардила е најдобриот тренер во светот.
Валверде е на добар пат да го повтори успехот на Гвардиола и оваа сезона целта на Каталонците е тројната круна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Според мене, најдобар тренер во светот е Гвардиола, без никаков сомнеж. Без разлика што испадна во Лигата на шампионите, неговите идеи и замисли се најдобри во светот на фудбалот“, изјави Валверде, а потоа зборуваше за неговиот следен ривал во ЛШ, тимот на Ливерпул.
„Ливерпул е премногу силен ривал, тие имаат напад кој има огромен потенцијал. Минатата година играа во финалето, а оваа сезона играат на високо ниво и покажуваат константност. Исто така, се борат и за Премиер лигата. Овој двомеч ќе биде атрактивен за сите фудбалски фанови, свесни сме дека ќе ни биде претешко“, истакна тренерот на Каталонците.
? Valverde: “Liverpool are potent and they have great strikers. It’ll be an attractive matchup that’ll be very tough for both sides.” #UCL ?? #ForçaBarça pic.twitter.com/YVB4rG5KeQ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 19, 2019