Дома Трансфер зона Валверде во „невозможна мислија“ – ја сака ѕвездата на Реал Мадрид!

Валверде во „невозможна мислија“ – ја сака ѕвездата на Реал Мадрид!

Трансферот на Луис Фиго од Барселона во Реал Мадрид беше еден од најголемите спортски шокови, а ова лето може да се случи уште еден сличен трансфер, но во обратен правец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, новиот тренер на Барселона, Ернесто Валверде се сериозно заинтересиран за еден фудбалер на Реал Мадрид, а станува збор за Матео Ковачиќ.

Познато е дека Барса сака да го засили средниот ред ова лето, па поради потешкотиите да дојде до потписот на Верати, шпанските медиумите тврдат дека ќе се насочи кон Ковачиќ.

На Каталонците им е потребен таков профил на фудбалер кој ќе може да биде наследник на Чави и да го замени Иниеста, но тешко е да се поверува дека Реал ќе дозволи таков трансфер.

Ковачиќ оваа сезона не добиваше голема минутажа кај Зинедин Зидан, но сака да остане на „Сантиаго Бернабеу“ и да се бори за место во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…